Втор Меѓународен фестивал на анимиран филм

Од:

Во кино „Фросина“ од денеска до петок ќе се одржува вториот Меѓународен фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје фест“, прв и единствен специјализиран фестивал за осмата уметност во Македонија.

Во официјалната селекција во трка за наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се 30 филма во трите фестивалски вечери од 20 часот.  За најдобрите ќе одлучи жири во кое членуваат познати аниматори – Вук Јевремовиќ од Србија, Венелин Велчев од Бугарија и Миливое Ѓорѓевиќ од Македонија, аниматор од студото Fx3x.

Фестивалот има мото Живеј во боја“. Почнува денеска претпладне  со селекција на десет филмови за деца кои ќе се натпреваруваат за мала Златна тула, а најдобриот филм во оваа програма ќе го изберат деца.

Покрај официјалната и селекцијата за деца, во трите фестивалски дена од 18 часот ревијално ќе бидат прикажани уште дваесетина светски анимирани филмови.

Особено признание за земја-учесник оваа година ќе и припадне на Полска поради нејзината застапеност и квалитетот на анимирани филмови. Со филм од Полска (Изгубениот град Свитез) вечер ќе биде отворена официјалната селекција, а покрај него во првата вечер ќе има уште 14 филма.

Дванаесет филма се на програмата утре, на втората фестивалска вечер,  која ќе биде отворена со американскиот краток анимиран филм „Фантастичните летечки книги на г. Морис Лесмор“, награден со Оскар во 2012.  На последната вечер, в петок, ќе има 13 филма во натпреварувачката програма.

Учествуваат аниматори и студија за анимација од 33 земји, меѓу кои е и еден филм од Македонија – „Народен фронт“ во режија на Иван Ивановски. Покрај проекциите, за кои влезницата е 50 денари, ќе има и четири работилници за анимација, а од нив две за деца.

Директорот на „Анимакс Скопје фест“ Кузман Кузмановски на прес-конференција рече дека во официјалната програма се анимирани филмови во најразлични техники.  Учествуваат една третина од пристигнатите 150. Селекторот Благоја Куновски истакна дека се изборани најдобрите според нивните специфики, квалитетот и начинот на изразување и оти најголем број од нив се од кинематографии и школи со долги традиции.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена