Вртени стапчиња со сусам

Од:

Потребно е:
700-800 гр
 брашно
250 мл масло
150 мл вода
1 свеж квасец
2 лажичиња сол

Подготовка:
– Во еден сад разматете го квасецот со малку млака вода, половина лажиче шеќер и лажиче брашно. Ставете го овој сад на топло место за да надојде квасецот.

– Во подлабок сад ставете го брашното и во него додадете го стасаниот квасец, зејтинот, водата и солта. Замесете меко тесто. Тестото поделете го на два дела.

– Од секој дел расукајте правоаголна кора со дебелина од пола прст. Посипете секоја од корите со сусам и со сукалото натапкајте го сусамот во тестото.

– Од кората исечете стапчиња со димензија 1 см х 15 см. Секое стапче усукајте го.

– Стапчињата редете ги на тава обложена со хартија за печење.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени додека не поруменат.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска