Со оваа комбинација на чоколадо, ароматични зачини, слатка павлака и млеко вашиот живот ќе стане сладок …
Потребно е:
400 мл полномасно млеко
150 гр чоколадо за готвење
2 кесички ванилин шеќер
1 стапче цимет
1 чили (луто) пиперче
2 лажичиња кафеав шеќер
100 мл слатка павлака
1 лажица амарето ликер
2 лажици рендано чоколадо
Подготовка:
– Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер и кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили пиперчето. Загрејте го до вриење.
– Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.
– Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напитокот ставете го да се вари до вриење.
– Напитокот распоредете го во чаши и пред да го послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.
– На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.