ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Коњи во трк и без јавачи налетаа на жена

Од:

Ногата на една жена беше згмечена од бетонска ограда во Ајнтри во Англија, откако два коња без јавачи се судрија со неа за време на овогодинешната трка со коњи „Гранд Национал“.

Како што објави Дејли Мејл, застрашувачкиот момент се случил откако двата коња останале без џокеите и продолжиле да трчаат пред да излетаат од патеката. На снимката која се појави, коњите не можеа да успорат, излетаа од патеката и кога стигнаа до асфалтната подлога паднаа двата и се залетаа кон гледачката која стоеше покрај импровизирана бетонска ограда.

Гледачите кои ја гледа несреќатата извикуваа предупредувања до оние кои се наоѓаа на патеката на коњите, но откако тие се сопнаа на бетонот, жената имаше многу малку време да се тргне на безбедно. Моментот го сними Мугдим Мујаковиќ (52), кој открил дека престанал да снима за да и пружи лекарска помош на жената пред да преземе полицијата.

Била повикана брза помош која на местото на настанот пристигнала десет минути по инцидентот. Мујаковиќ во интервју за Sun изјави дека настаните го „потресоа“.

„Во далечината видов дека двајца џокеи паднаа, а потоа коњите дојдоа кон мене. Ја погодија жената. Беше прилично шокантно, јас бев прилично потресен и престанав да снимам и отидов да и помогнам на жената. Пријде и полицаецот и даде прва помош. Ногата ја болеше и не можеше да стои на неа. Слушнав како викаат брза помош на радио. Го напуштив местото десет минути подоцна и слушнав сирени кога како доаѓаа. Беше нереално. Би се изненадил ако не и беше скршена ногата.Се надевам дека не беше“, изјави Мугдим Мујаковиќ за Sun.

Жената била пренесена во болница, а наводно при падот биле повредени и двата коња.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он