Бројот на воздухопловни шерифи во САД во последната деценија нарасна од првичните 33 на три до четири илјади агенти.
Иако има минимални шанси на вашиот лет да седи некој од воздухопловните шерифи, многу веројатно е, сепак, вие и да не го забележите.
Шерифите носат нормална, цивилна, облека за полесно да можат да се претопат со обичните патници. Нивниот тренинг е кроен според ситуациите со кои можат да се сретнат во воздух, вклучувајќи ги тука и препознавањето на одредени типови на однесување и техниките на самоодбрана дизајнирани за тесниот простор во авионот.
Програмата на воздухопловните шерифи е почната во 1962 година, откако претседателот Џон Ф. Кенеди го потпиша амандманот на Законот за федерална авијација од 1958 година, што ги зголеми казните за грабнување персонал во авионот.
Кога во 1974 година беа претставени скенерите на аеродромите, бројот на шерифи драстично опадна, бидејќи тогаш имаше само 33 активни шерифи. Но, тоа се смени по 11 септември 2001 година.
Воздухопловните шерифи се специјално тренирани тајни агенти кои се борат против тероризмот во авионите. Тие се претопуваат со другите патници, но во секој момент се подготевни да пукаат во сите оние кои можат летот да го доведат во опасност.
При приемот во службата агентите мораат да имаат најмалку 21 година и не повеќе од 37 години.
Со оглед на тоа дека мораат да пукаат во многу тесен простор, тие се едни од најдобрите стрелци меѓу федералните агенти.
Меѓутоа, и покрај нивните вештини и тренинг, во текот на историјата, уапсени се повеќе воздухопловни шерифи, отколку лица кои се уапсени од нив. Во просек, од 2011 година, тие забележале 4,2 апсења годишно. Бидејќи буџетот на нивната служба изнесува 800 милиони долари, излегува дека на секое апсење се трошат по околу 200 милиони долари.