Најстариот трговски центар во Данскa, копенхашкиот „Редовр“ отстрани восочна фигура на Мајкл Џексон оти е навредлива за посетителите и оти може да биде оштетена, имајќи предвид дека покојниот крал на поп-музиката беше обвинуван оти сексуално злоставувал деца.
Маркетиншката менаџерка Шарлот Андерсен изјави дека примиле 15 приговори поради статуата, главно од семејства со деца. Така, Џексон е заменет со „восочен“ Бред Пит.
Во трговскиот центар е отворена изложба на восочни фигури на светски ѕвезди, како што се Мерилин Монро и Џулија Робертс.
Комплексот „Редовр” е отворен 1966 година.