Војводката од Јорк Сара Фергусон повторно во кралското семејство

Од:

Поранешната снаа на кралицата Елизабета, војводката од Јорк, Сара Фергусон се врати во кралското семејство од каде беше „протерана“ пред дваесетина години, откако изминатиот викенд го помина во летната резиденција, дворецот Балморал во Шкотска.

Во дворецот, војводката престојуваше како гостин на кралицата Елизабета, придружена од својот поранешен сопруг, принцот Ендрју, војводата од Јорк, вториот син на кралицата, како и од нивните две ќерки, принцезите Беатрис и Јуџин.

Британските медиуми кои му посветија големо внимание на враќањето на Сара Фергусон во Балморал, засега не знаат која е причината за овој неочекуван гест кон некогашната кралска снаа, за која советниците во Бакингамската палата јавно тврдеа дека „таа жена“ никогаш повеќе нема да се врати во семејството, без оглед што е мајка на две внуки на кралицата.

Весниците во Лондон исто така не знаат ниту за тоа дали војводката и војводата од Јорк ги минале заедно ноќите во Балморал.

Потврдено е дека принцот Ендрју бил во куќата на Сара Фергусон на прославата на 25-от роденеден на ќерката Беатрис, која е шеста во редот на претендентите на британскиот престол. Од таму целото семејство отпатувало за Шкотска, на краток одмор во дворецот на семејството Виндзор.

Извори блиски на кралското семејство потврдуваат дека Сара Фергусон, или „Ферги“ како што ја нарекуваат британските весници, во Балморал имала ист третман како во времето пред 1992 година, кога таа и принцот Ендрју се разделија.

Разводот уследи откако лондонските таблоид објавија една интимна фотографија на „Ферги“ снимена на плажа со еден нејзин „пријател“.

Војводката која никогаш не се премажи, се најде во бројни скандали и многу пати во интервјуа, не бирајќи зборови, го критикуваше кралското семејство. Редовно имаше проблеми со парите, па пред две години се најде на работ од банкрот, а самата еднаш призна дека станала зависна од алкохолот.

Последен пат таа „се прослави“ кога се разбра дека го „продавала“ својот поранешен сопруг на странски бизнисмени за 500.000 фунти, ветувајќи им сигурен и богат бизнис во Велика Британија преку врските на принцот Ендрју.

Засега нема навестувања дека сето ова е вовед во обнова на брачната врска на војводката и војводата, а повеќе се верува дека се подготвува нова „кралска свадба“ на принцезата Беатрис и нејзиното долгогодишно момче.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он