Вог обвинет за фотошопирање на насловната страна со познати манекенки

Од:

Списанието Вог е обвинето за фотошопирање на новата насловна страна за манекенката за поголеми броеви конфекција Ешли Греам да изгледа потенка.

Насловната страница за март се појави со наслов „Револуција на убавината“, а на неа се Џиџи Хадид, Ешли Греам, Кендал Џенер, Адвоа Або, Ли Вен, Виториа Черети и Иман Хамам и тврди дека новите норми се во тоа дека нема норми.

Сепак, тие се најдоа на удар на фановите на Инстаграм кои заклучиле дека раката на Џиги Хадид е „продолжена“.

– Што се случува со раката на Џиџи Хадид? Очигледно е фотошоп, забележале многумина. Стоп за фотошопирање женски тела. Вие сте бренд со влијание, погрешно претставување жена е неприфатливо, додаде еден во коментарите. Некои додадоа дека целата работа нема врска со различностите, со оглед на фактот дека со тежината се издвојува единствено Ешли Грам, а тоа уште се обидува и да се скрие.

Некои биле лути, затоа што забележале дека Ешли е единствен модел која со рака ги покрива бутините.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски