Водич за „EXIT“

Од:

Организаторите привршуваат со последните подготовки за годинашниот „EXIT“ фестивал што ќе се одржи од 12 до 15. Јули во тврдината „Петроварадин“.

Слободни места во хотелите и хостелите речиси и нема, иако цените за сместување се качија речиси двојно, па сумата што треба да се плати за билетот е речиси небитна во споредба со ноќевањата.

– Местата беа резервирани уште во декември, велат на рецепција во хостелот „Сова“. Се уште има слободни места, но по цена од 25 евра, а ако резервирате на интернет, цената е 30 евра. Според досегашните искуства, може да се најде место во последен момент, бидејќи вообичаено е некој кој има резервирано да не се појави.

За оние кои сакаат сместување во тврдината, можат да го направат тоа во луксузниот хотел „Леополд“, кој до сега беше резервиран само за гостите и изведувачите. Но, оваа година ја отвора вратата за сите посетители на „EXIT“. Цената на сместување во овој хотел е 80 евра по лице, а тоа вклучува и билет за фестивалот. За оние кои се подготвени да ја издвојат оваа сума, целиот фестивал ќе им биде на дофат.

Преку веб-сајтот Egzitovog можете да контактрате со неколку хостели кои имаат својата понуда, но уште на почетокот се наведува дека поголемиот дел од сместувањата чинат од 15 евра за ноќ, па нагоре.

Постои и опција да се изнајми стан за четири дена кој чини околу 200 евра. Па ако се подели на повеќе луѓе, би можел да биде исплатлива опција.

Влезница за четири дена на фестивалот чини 6.990 српски динари, (околу 61 евро), додека за четврток, петок и недела, чини 3.290 динари (околу 29 евра). За сабота билетите се продаваат по цена од 3.490 динари (31 евро).

Новина е тоа што годинава можат да се купат по продавниците, но од следниот вторник, 10. јули, ќе престане промотивната продажба на билетите, па комплет за сите четири дена влезот ќе чини 10.990 динари (96 евра).

Четврток, 12. јули
Duran Duran
-Gossip
-Sub Focus
-DJ Set & MC Id
-Skindred
-MistaJam
-Krišk

Петок 13. јули
-New Order
-Hercules and Love Affair
-Netsky feat MC Dynamite
-Drumsound & Bassline Smith feat MC Dynamite

Сабота 14. јули
Erika Badu
-Plan B
-Suicidal Tendencies
-Borgore Reflections of Internal Rain

Недела 15. јули
– Guns n’ Roses
-Wolfmother
– Skream & Sgt. Pokes
– Goldie feat SP:MC
– Partibrejkers
-ŽeneKese

Би можело да ве интересира

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

Егзит се откажува

Ана Ололовска

„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината

Ана Ололовска

Фестивалот Егзит ќе се одржи во август

Ана Ололовска