Во Вилнус ќе биде поставен барометар на среќата

Од:

Градоначалникот на Вилнус ќе постави барометар на среќата, кој ќе го следи расположението во главниот град на Литванија.

Гигантскиот екран ќе биде монтиран на ѕид на зградата на општината. Тој ќе го покажува индексот на среќата на скала од еден до десет, кој ќе биде одредуван според гласовите, испратени од локалните жители прекумобилните телефони и комјутерите.

– Тој барометар е чудесен инструмент за политичарите. Доколку донесеме некоја одлука и видиме значително намалување на расположението во градот, тогаш ќе знаеме дека сме направиле нешто погрешно, изјави градоначалникот на Вилнус, Артурас Зуокас.

Системот веќе функционира делумно, а оваа недела барометарот покажува расположение меѓу шест и седум на скалата.

Според светското истражување за среќата од 2011 година Литванците, чија земја е тешко погодена од финансиската криза од 2008 2009 година се едни од најнесреќните луѓе на планетава.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска