Велика Британија следната година ќе го добие своето прво вештачко езеро за сурфање.
Како што пренесува Би-Би-Си, благодарение на револуционерната технологија, со притиснување на копче ќе биде можно да се направат бранови и до три метри височина.
Огромното езеро, со големина на три сатдиони Вембли, во моментов се гради во планините на Велс, а планирано е да биде направено уште едно во Бристол, на југоисток од Англија.
Првите механички бранови на светот несомнено ќе го трансформираат и омасоват сурфањето, со што овој спорт може еден ден да стане и една од олимписките дисциплини.