Во Токио отворен најновиот и најсовремен кабуки театар

Од:

Во центарот на Токио денеска е откриена најсовремената зграда, што ќе биде дом на традиционалниот јапонски кабуки театар.

Зградата на театарот во квартот Гинза, што за јавноста ќе биде отворен на почетокот на април, на посетителите ќе им даде можност да ги користат преносливите монитори за да го читаат објаснувањето на оваа повеќевековна уметничка форма во Јапонија, која за многумина е тешко разбирлива.

Оваа услуга прво ќе биде достапна на јапонски, но наскоро се очекуваат објаснувања и на англиски јазик.

Театарот ќе може да се пофали и со простор под сцената, длабок 16 метри, што на актерите, но и на сценографите, ќе им овозможи да се појават на сцената во соодветен  момент.

И покрај современата технологија, театарот ќе ги задржи бројните елементи на оригиналниот театар, вклучувајќи ја и фасадата налик на средновековните јапонски замоци со кривулести покриви и црвени хартиени фенери.

Во кабуки театарот, што е стар 400 години, мажите изведуваат претстави во екстравагантни костуми и под маски.

Новата, четирикатна, зграда со капацитет од 1.800 места е петта верзија на театрот чија историја потекнува од 1889 година. Претходната зграда е изградена во 1951 година, на место на зградата што била оштетена во Втората светска војна, а беше урната во 2010 година од безбедносни причини, пред се, заради честите земјотреси.

МИА

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска