Во Тајланд пронајден древен скелет од редок вид кит

Од:

Во Тајланд е пронајден речиси совршено зачуван скелет од редок вид кит, за кој научниците проценуваат дека е стар меѓу 3.000 и 5.000 години.

dobivaj vesti na viber

Скелетот е пронајден на почетокот на овој ноември, на 12 километри западно од Бангкок. Долг е 12 метри. Научниците веруваат дека станува збор за скелет на кит од реткиот вид брајд.

Тие се надеваат дека ова откритие ќе помогне да се разјасни биолошката разновидност и палеобиолошко-геолошките услови за времето од кое потекнува скелетот, како и сличностите и разликите со брајдовите китови кои постојат денес. Проф. Маркус Чуа од Националниот универзитет во Сингапур за Би-Би-Си изјави дека делумно фосилизираните скелети се вистинска реткост.

– Во Азија се пронајдени само неколку фосилизирани скелети на китови, а уште помалку – во така добро сочувана состојба, нагласи тој.

Фотографиите споделени од тајландскиот министер за животна средина покажуваат дека коските на китот се речиси недопрени.

Би можело да ве интересира

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска

Ден на планетата Земја 2022: Инвестирајте во нашата планета

Ана Ололовска

Најлоша суша во југозападниот дел на Северна Америка во последните 1.200 години

Ана Ололовска

Патогените од вселенските патувања може да бидат опасни за Земјата

Ана Ололовска

Оксфам: Милијардерите треба да се спречат да ја ограбуваат и сериозно загрозуваат планетата

Ана Ололовска