Во Шведска се преселува цел град со 18.000 жители

Од:

Луѓето од секогаш се селеле. Дури се поместувале и цели градби. Но, да се премести цел град? Тоа е мисијата со која се соочуваат жителите на преубавата Кируна во Шведска, на 145 километри од Арктичкиот круг.

Не се селат далеку – само три километри на исток, но тоа сепак мораат да го направат.

Имено, градот лежи на рудник за железо, еден од најголемите во светот.

Компанијата која е во државна сопственост и која управува со рудникот, вели дека по години на ископувања, земјата на која лежат домовите на 18.000 жители, веќе не е стабилна. Затоа, во оваа акција без преседан, се сели целиот град.

Компанијата „Луошаваара-Киирунаваара АБ“ (ЛКАБ) ги предупреди локалните власти дека подлабоките ископувања може да ги нарушат темелите на градот.

На одлуката за преселување и претходиле 10 долги години на планирање на самиот чин. Во март била ангажирана и архитектонска фирма од Стокхолм да го спроведе проектот под име „Кируна 4-евер“ (Кируна засекогаш).

– Да се дизајнира ова преселување е историска задача, вели Моника фон Шмалензе, извршен директор на „Вајт Архитектера“.

Повеќето згради ќе бидат урнати, но сите историски значајни знаменитости, како што е старата црква, прогласена во 2001 година за најубава градба во Шведска, ќе бидат внимателно демонтирани, а потоа повторно склопени на нова локација.

ЛКАБ веќе вложи 397 милиони евра за да ја премести Кируна, а подготви уште 7,5 милијарди шведски круни (приближно милијарда евра) за преостанатата трансформација.

Потегот, меѓутоа, нема да биде брз. Компанија планира да го заврши дури во 2033 година.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска