Во Шпанија во август регистрирани рекорден број туристи

Од:

Минатиот месец во Шпанија се регистрирани досега најголем број на странски туристи од 1995 година, кога почна да се води овој вид статитистика.

Бројот на туристи во Шпанија во август 2013 година е зголемен за 7,1 отсто во однос на истиот месец лани.

Заради нестабилната ситуација во Египет и во Турција, туристите годинава се свртеа кон Шпанија, така што во август Каталонија ја посетиле 2,3 милиони странци, Балеарските Острови 2,1 милион, а Андалузија 1,1 милион.

Во четвртата по големина економија во еврозоната, кој веќе втора година е во рецесија со стапка на невработеност од 26,3 отсто, туризмот со удел од 11 отсто во вкупниот бруто домашен производ  е клучен шпанското стопанство.

Во изминатиот месец Шпанија најмногу ја посетиле британски туристи – околу два милиона, потоа 1,8 милиони Французи и 1,2 милиони Германци.

Во периодот од јануари до крајот на август, Шпанија угостила рекордни 42,3 милиони странски туристи, што е за 4,5 отсто повеќе отколку во истиот период лани.

Третата туристичка дестинација во светот, по Франција и САД, Шпанија, полага големи надежи за економски раст токму во туризмот.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска