Во Северно Море „исплива“ новиот остров Нордероогсанд

Од:

Остров со површина од 10 квадратни километри или околу 25 фудбалски игралишта, се појави во германските води на Северното Море.

Островот Нордероогсанд “исплива“ во Северно Море со рекордна брзина, што ги изненади и научниците кои последните десет години го следеа неговото подводно движење.

Сместен 15 километри од брегот на германската покраина Шлезвиг-Холштајн, островот веќе се крева пет метри над површината на водата.

-Самиот факт дека новиот остров се формирал за само неколку години е импресивен, вели германскиот истражувач Дитлиф Хансен во изјава за лондонски Телеграф.

Она што ги збунува научниците е брзината со која островот, што засега повеќе наликува на песочен гребен, „исплива“ од морето. Тие овој феномен првенствено го доведуваат во врска со метеоролошките услови. Имено, во последните десет години на овој простор се забележени неколку големи бури.

Островот Нордероогсанд засега го населуваат само птици и фоки, кои тука се размножуваат, хранат и одмораат далеку од човековата врева. Но, го немаат окупирано само животни, туку и растенија кои овде веќе ги има 49 видови.

Покрај птици и фоки, на новиот остров посебно му се израдува и германскиот печат. Веста дека „испливувањето“ на островот официјално е потврдена високотиражниот „Билд“ ја дочека со насловот „На кого сега му треба вештачкиот остров во Дубаи?“.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска