Во Сахара пронајден метеорит стар над две милијарди години

Од:

Група универзитетски научници од американската сојузна држава Њу Мексико соопштија дека во пустината Сахара е пронајден метеорит, веројатно од марсијанскиот период, кој е стар над 2,1 милијарда години.

Метеоритот е со тежина од 320 грама и е наречен НВА 7034. Тој е пронајден од бедуини во Мароко, кои потоа го продале на научен центар во САД.

Според лидерот на истражувачкиот тим Карл Ејџи во метеоритот е забележано присуство на вода, што го прави поразличен од претходно пронајдените. Освен тоа, додава Ејџи, според својот состав тој мошне наликува на примероците од почвата на Марс, истражувани од автоматскиот апарат „Кјуриозити“.

НВА 7034 е вториот по старот метеорит, кој некогаш паднал на Земјата. Најстариот досега е „Ален Хилс“, кој датира од пред 4,5 милијарди години и е откриен во 1984 година на Антарктикот.

Би можело да ве интересира

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Земјата денес е најблиску до Сонцето

А1он

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година