Розово Хелоу Кити комбе веќе со години испорачува десерти за жителите во САД, а неодоливата јапонска мачка од неодамна доби и свој „постојан дом“.
Кафулето е отворено во еден шопинг ценар во Аркадија во Калифорнија, а освен слатки, пецива и пијалаци, посетителите сега можат да купат и разни предмети со ликот на популарната среќна мачка, јави Лонли планет.
Ликот Хелоу Кити го осмислија дизајнери на јапонската компанија за играчки „Санрио“ во 1974 година , а уште во своите рани денови стана светска сензација.
Слични тематски угостителски објекти се отворени во голем број градови низ светот вклучувајќи ги Токио, Пекинг, Шангај, Сеул, Хаг, Лондон, Хонгконг и Тајван.