Во Русија се гради хотел за фановите на Јети

Од:

Ново одморалиште за сите фанови на Јети ќе се отвори во Русија за туристите да се охрабрат самите да тргнат во потрага по ова засега недопрено суштество.

Јети паркот во Шерегеш, во Сибир, ќе има хотел и музеј и сите кои сакаат да го докажат постоењето на Јети ќе бидат добредојдени во него.

-Почнавме со изградбата на паркот, и секако, постојат шанси сите кои ќе дојдат да го здогледаат Јети. За мене Јети е многу повеќе од обична туристичка атракција, изјави Игор Идимешев, еден од членовите на локалниот совет во Сибир.

Идимешев, исто така, тврди дека го видел мистериозното суштество иако повеќето научници сметаат дека станува збор само за легенда, пишува Дејли мејл.

Гувернерот на регионот Аман Тулејевчак дури понудил и награда од 23.000 евра за секој кој ќе успее да фати Јети, или да го докаже неговото постоење.

Минатата година рускиот академик Валентин Сапонов тврдеше дека во пооделни делови на Сибир живеат над 200 Јетија.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска