Во продажба е интимна долна облека со несреќното име Исис

Од:

Познатиот бренд на интимна долна облека Ен Самерс ја претстави својата нова колекција наречена Исис.

Веднаш потоа од оваа модна куќа мораа да објаснуваат дека нивното име нема никаква врска со поддршка на тероризмот, ниту на ирачките и сириските иламисти од движењето ИСИС.

Колекцијата Исис вклучува танги, градници и халтери, а името го добила по египетската божица Исис, тврдат од Ен Самерс.

Новата линија на интимна долна облека се појави во продажба набрзо по смртта на американскиот фоторепортер Џејмс Фоли, кој го убија припадници на ИСИС.

Портпаролот на брендот Ен Самерс објасни дека името на колекцијата однапред е избрано и дека се свесни за несреќниот тајминг кога производот се нашол на продажните рафтови, но дека во никој случај не ги поддржуваат терористите ниту насилство.
– Се извинуваме за какви било предизвикани навреди – рече тој.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски