Во Помпеја откриена одлично сочувана фреска на Нарцис

Од:

Италијански археолози во Помпеја пронајдоа уште една одлично сочувана фреска од Нарцис, во истиот објект во кој последниве месеци постојано се откриваат вредни уметнички дела.

Водачот на тимот истражувачи, Алфонсина Русо изјави дека поради најновите откритија, планот на ископувања мора да биде изменет,за да се види дали таму има уште такви фрески.

За новооткриената фреска таа вели дека е „елегантна и сензуална” и уште еднаш најави дека наскоро куќата би можела да биде отворена за јавност.

Древноримскиот град Помпеја е уништен во 79 година од нашата ера по ерупција на вулканот Везув.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска