Во Пјонгјанг почна фестивалот Ариранг

Од:

Северна Кореја ги почна своите традиционални масовни „олимписки игри“ со спектакл во кој учествуваа илјадници изведувачи, славејќи ги комунистичката држава и династијата Ким, која е на власт веќе шест децении.

Фестивалот Ариранг се одржува и оваа година на стадионот 1 Мај, една од наголемите спортски арени, која може да прими 150 илјади гледачи.

На слетот, кој се одржува секоја година од 1946., играчите и гимнастичарите прикажуваат патриотски мотиви, а оваа година со фестивалот доминираат воени теми.

Севернокорејската агенција КЦНА пренесе делови од церемонијата во слава на основачот на Северна Кореја Ким Ил-сунг, кој почина во 1994 година и неговиот син Ким Џонг-ил, кој почина во декември 2011 година. Во извештаите не се наведува дали актуелниот лидер Ким Џонг-ун присустувал на манифестацијата.

Фестивалот ќе трае до 9 септември и во тој период ќе бидат изготвени пет манифестации неделно.

Со фестивалот на 27 јули ќе се одбележат 60 години од потпишувањето на спогодбата за примирјето во Корејската војна, со што е ставен крај на тригодишната војна, во која загинаа меѓу два и четири милиони лица. Истиот ден во Пјонгјанг ќе се одржи воена парада.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска