Мексикански археолози го пронајдоа првиот храм на древниот ацтечки бог на плодноста, Шипе Тотек, што во превод значи „богот без кожа“. Тој најчесто е претставуван како човек без кожа на себе, но и „облечен“ во туѓа човечка кожа.
Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја соопшти дека откритието се случило при ископувања на наоѓалиште поврзано со древниот народ Пополока, чии потомци и денес живеат во централната мексиканска сојузна држава Пуебла.
Меѓу пронајдоците се два черепа и тело од изрезбан камен што го прикажуваат древниот бог.
Древните претколонијални мексикански народи го чествувале богот Шипе Тотек така што на принесената жртва ѝ ја дереле кожата. Тоа се правело за да се осигури плодноста и заради побрзо заздравување на повредните.