Околу 3.000 маски учествуваа на единаесеттиот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ што денеска се одржува на градскиот Плоштад во Куманово.
Организатор на манифестацијата, на која учествуваат сите основни и средни училишта, но и поединечни маски ја организира секторот за култура од општина Куманово.
Први пред граѓаните своите маски ги презентираа децата од градинката „Ангел Шајче“. Следуваа организирани маски на учениците од основните и средните училишта.
– И оваа, како и изминатите години имаме гости од Струмичкиот карневал, кои одлично соработуваат со кумановските средни училишта. Училиштата покажаа дека се се поинвентивни во однос на идеите и креациите, кои секоја година се подобри, изјави раководителот на секторот за култура, Жика Крстевски.
Од општинскиот буџет одвоени се 100.000 денари за манифестацијата. Со овие средства ќе се наградат најдобрите учесници на ниво на градинки, основни и средни училишта, но и во поединечна конкуренција. Жирито е составено од стручни лица, кои ќе ја оценуваат инвентивноста, костимите и сценскиот настап.
Маја Стефановска, наставничка во основното училиште „Христијан Карпош“, ,објаснува дека маската на учениците е групна и ги вклучува сите ликови од бајките за кои учениците изразиле желба.
– Маскенбалот преставува можност во која децата можат за неколку часа да ги остварат своите фантазии и за момент да станат принзеци и филмски јунаци, рече Стефановска.
Публиката, имаше можност да ужива во шаренило од маски, принцези, од сите бајки, суперхеори, оџачари, хипици, спа центри кловнови, бубамари, цветчиња, оџачари, спортисти, слатки бонбони.