Градежна инспекторка од општина Куманово заработи кривична пријава од МВР

Од:

Kумановската полиција поднесе кривична пријава против градежна инспекторка од општина Куманово, информираше денеска полицијата, која ја сомничи за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

СВР Куманово ја сомничи инспекторката дека при вршење надзор, констатирала бесправна градба, но наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок општината да го изврши отстранувањето и го оштетила буџетот на општината за речиси половина милион денари.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, градежен инспектор во општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши општина Куманово, со што го оштетила буџетот на општина Куманово за износ од 498.503 денари, соопштија денеска од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Стружанец доби кривична за даночно затајување – го оштети буџетот на државата за над 73.000 евра

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Не пријавиле даноци и присвоиле стока: Финансиска полиција поднесе кривична за штета од 12,6 милиони денари