Манифестацијата „Дунавска бајка“ насочена кон поврзување, промоција и соработка на сите места низ кои минува Дунав, за време на викендот ќе се одржи во Ковин.
Покревање на свеста за неопходноста од зачувување и правилно користење на реката Дунав, како и зачувување и негување на културното наследство на општина Ковин, се меѓу целите на манифестација.
Организаторт на манифестацијата е Здружението за заштита на културното наследство и народните обичаи „Лалошки бисери“.
Со приказ и промоција на сите 29 места на реката Дунав, во програмата на манифестацијата е најавено и засадување на 29 стебла во Паркот на пријателството, со симболи на градовите.
Организаторите најавуваат и возење рибарски чамец со весла и пента, подготвување специјалитети од реката Дунав, средби и дружења на наутичарите, натпреварување во приготвување рибја чорба, спортски средби….