Во Кина пронајден праисториски глушец 2,5 пати поголем од денешните

Од:

Остатоци од добро сочуван „џиновски глушец”, современик на диносаурусите во мезозојската ера, се откриени во камен североисточна Кина.

Глодачот Jeholbaatar kielanae, што живеел пред најмалку 65 милиони години, тежел 50 грама и бил 2,5 пати поголем од денешните свои роднини. Надворешно личи на нив, ама денешно глувче, просечно тежи 19 грама, истакнува палеонтологот Јуанкинг Ванг од Институтот за палеонтологија и палеоантропологија на ’рбетници во Пекинг.

Тој, исто така смета дека праисторискиот глушец имал силно развиен слух, што го штител од ловот на диносаурусите во тој период.

– Врз основа на обликот на долниот образ, глувчето јадело сè – црви, членконоги и растенија. Имало јасно изразено движење на вилицата при џвакање, додава Ванг.

Палеонтолозите во наоѓалиштето во провинцијата Лијаонинг претходно нашле и остатоци на диносауруси, праисториски цицачи, птици и инсекти, од кои некои успеале да го преживеат метеоритот што ги истребил диносаурусите пред 65 милиони години. Некои исчезнале пред 34 милиони години, отстапувајќи им го местото на подоцнежните примати, копитари, глодачи и други ’рбетници.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска