Во Кина откриено писмо старо 5.000 години

Од:

Кинески археолози на камења на локалитет од времето на неолитот јужно од Шангај, пронашле нови форми на примитивно писмо за кое се верува дека е старо околу 5.000 години.

Иако засега меѓу експертите нема единствен став дали овие знаци претставуваат цртежи или симболи што означуваат зборови, тие сепак веруват дека ова откритие ќе помогне за утврдување на потеклото на кинеските јазик и азбука.

– Тие се разликуваат од симболите што сме ги наоѓале во минатото на артефакти. Нивните форми и фактот дека се подредени во целина слична на реченица, укажуваат дека станува збор за мисловен израз, изјави раководителот на археолошкиот тим Су Синмин.

Досега најстариот откриен запис на кинески јазик беше пронајден на животински коски и датиран на периодот од пред 3.600 години во времето на династијата Шанг.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска