Во Јудеја откриена палатата на кралот Давид

Од:

Археолозите ја ископале палатата во утврдениот јудејски град Шарајима, во кој, според Библијата, Давид се борел против џинот Голијат.

Во текот на последните седум години тимот археолози открил и голема ризница полна со аретефкти за кои сметаат дека го докажува постоењето на владарот во Јудеја во 10 век пред новата ера.

– Урнатините се најдобрата потврда на претходно откриениот утврден град на кралот Давид. Ова е доказ на постоењето на централна власт во Јудеја во периодот на кралот Давид, соопштија професорите Јоси Гарфинкел и Сар Ганор од Хебрејскиот универзитет.

Од библискиот град Шарајим се смета дека изникнал модерниот град Кирбет Кеијафа, на 30-тина километри југозападно од Ерусалим.

Професорите наведуваат дека станува збор за урнатини на две најголеми познати градби од времето на кралот Давид во Ерусалим.

– Околу палатата се пронајдени соби со различни инсталации, докази за метална индустрија, посебни керамички садови и делови на садови од гипс што се увезени од Египет.

Археолозите пронашле стотици артефакти на локацијата, вклучувајќи и религиски предмети, печати, грнчарија и алати.

Палатата се наоѓа во средина на локацијата и е повисока од останатите градби во градот. Од неа кралското семејство имало одличен поглед на земјата, од Средоземното море до планината Хеброн и Ерусалим.

Се смета дека најголем дел од палатата е уништен 1.400 година по изградбата. На нејзино место во византискиот период била изградена обезбедена фарма.

Археолозите пронашле и голема глинена зграда што служела како административен склад. Комисијата за антиквитети се надева дека новите откритија ќе доведат до прогласување на оваа локација за национален парк.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска