Археолозите ја ископале палатата во утврдениот јудејски град Шарајима, во кој, според Библијата, Давид се борел против џинот Голијат.
Во текот на последните седум години тимот археолози открил и голема ризница полна со аретефкти за кои сметаат дека го докажува постоењето на владарот во Јудеја во 10 век пред новата ера.
– Урнатините се најдобрата потврда на претходно откриениот утврден град на кралот Давид. Ова е доказ на постоењето на централна власт во Јудеја во периодот на кралот Давид, соопштија професорите Јоси Гарфинкел и Сар Ганор од Хебрејскиот универзитет.
Од библискиот град Шарајим се смета дека изникнал модерниот град Кирбет Кеијафа, на 30-тина километри југозападно од Ерусалим.
Професорите наведуваат дека станува збор за урнатини на две најголеми познати градби од времето на кралот Давид во Ерусалим.
– Околу палатата се пронајдени соби со различни инсталации, докази за метална индустрија, посебни керамички садови и делови на садови од гипс што се увезени од Египет.
Археолозите пронашле стотици артефакти на локацијата, вклучувајќи и религиски предмети, печати, грнчарија и алати.
Палатата се наоѓа во средина на локацијата и е повисока од останатите градби во градот. Од неа кралското семејство имало одличен поглед на земјата, од Средоземното море до планината Хеброн и Ерусалим.
Се смета дека најголем дел од палатата е уништен 1.400 година по изградбата. На нејзино место во византискиот период била изградена обезбедена фарма.
Археолозите пронашле и голема глинена зграда што служела како административен склад. Комисијата за антиквитети се надева дека новите откритија ќе доведат до прогласување на оваа локација за национален парк.