Во Индија пронајден град стар 2.500 години

Од:

Археолози во индијската држава Чатисгер пронајдоа остатоци од град, за кој сметаат дека е стар 2.500 години.

Тие пред пет години забележале стари монети, коски и делови од градби, а неодамна добија дозвола за вршење археолошки ископи.

Првите истражувања покажаа дека се работи за добро осмислена населба, со остатоци од куќи распоредени по блокови помеѓу кои се гледа некогашниот главен пат.

-Кога ќе го завршиме истражувањето верувам дека ова наоѓалиште ќе се вброи во најголените археолошки откритија во Чатисгар. Монетите и камењата најверојатно им припаѓаат на династиите Кушан и Сатавахан. Некои од урнатините поттекнуваат од третиот век пред новата ера, но постои можност и дека некои делови настанале и три века порано-изјави заменик директорот на отсекот за археологија на Чатисгар, Ј.Р.Багат.

Тој додаде дека се пронајдени делови од градби на кои се видливи трагови од оган, што укажува дека градот е уништен во пожар.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска