Во хотел во Шведска може да добиете и бесплатна соба, но под еден услов

Од:

Апартманите „Check Out Suite” во хотелот Белор во Гетебoрг, Шведска немаат многу класичен систем за плаќање. Плаќањето во овој хотел зависи од тоа колку време гостите поминуваат на социјалните мрежи.

Колку повеќе време гостите поминуваат на „Фејсбук“, „Твитер“ или „Инстаграм“, толку поголема ќе биде цената за едно ноќевање. Значи, ако се воздржите од користење на социјалните мрежи, ќе добиете бесплатна соба.

Внатре во апартманите има поставено лампа, која има светилка која е поставена автоматски да се уклучува кога гостите ќе се поврзат на wi-fi мрежата на хотелот. Таквата направа има можност да евидентира колку време гостите поминуваат на интернет, но и која веб страна ја посетуваат.

Всушност, ова е однапред утврдена тарифа. Штом гостинот влегува во собата, цената на собата е 0 долари, а кога светилката на ламбата ќе засвети црвено, тогаш цената постепено расте.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона

Ана Ололовска

Забрана за Мекдоналдс крај историски објект во Рим

Ана Ололовска

Пилот барал пари од патниците за гориво

Ана Ололовска

Неактивен вулкан се продава за 55.000 евра

Ана Ололовска

Бројот на ноќевања во Виена пораснал за 10 отсто

Ана Ололовска

Десетгодишно девојче го освои врвот Спантик и постави светски рекорд