Во Хамбург тестирана дрвената макета на „Титаник 2“

Од:

Во Германија успешно е тестирана дрвена макета-реплика на бродот „Титаник 2“, што австралискиот мултимилионер Клајв Палмер има намера да го изгради и испрати на крстосување до 2016 година.

Дрвениот модел на „Титаник 2“ со должина од 9,3 метри во Хамбург мина низ погонските и електронските тестови во резервоар со големина од 300 метри, пред да почне неговата изградба во Кина.

Освен што нагласиja дека тестирањето било успешно, инженерите кои раководеa со овие тестови не сакаa да соопштат никакви детали, додавајќи деталните резултати од тестот пред крајот на годината ќе му ги соопштат на финансиерот на изградбата, мултимилионерот Клајв Палмер.

Палмер минатата година соопшти дека има намера да изгради реплика на славниот брод „Титаник“ што потона во 1912 година. Бродот треба во 2016 година да исплови од Саутхемптон и треба верно да го претстави оригиналниот брод.

Како и во 1912 година, бродот ќе има три патнички класи со сала за вежбање и базен, но  со некои подобрувања, како климатизација, амбуланта и хелиодром.

На бродот нема да има телевизија и пристап до Интернет, за патниците што поверодостојно да го почувствуваат духот на времето во кое било организирано оригиналното патување. Сепак, најбитната промена на бродот ќе биде зголемувањето на чамците за спасување, што на оригиналниот брод, во текот на бродоломот, бил најголемиот проблем.

„Титаник“ во 1912 година имал 16 дрвени чамци за спасување во кои можеле да се сместат 1.178 лица, односно само третина од полниот капацитет на бродот, додека „Титаник 2“ ќе има капацитет од 2.435 патници и 900 ченови на екипажот, а чамците за спасување ќе можат да примат 2.700 лица, со помошните сплавови што ќе можат да понесат уште 900 лица.

„Титаник“ потонал на своето прво патување на 15 април 1912 година, откако удрил во санат мраз, при што загинале 1.523 патници.

Тестот на моделот на новиот брод е извршен во Хамбург и опфати испитување на издржливоста на притисок од отворена вода при симулирана брзина од 23 чвора, што на инженерите им било доволно да ги проценат можностите, отпорноста и перформансите на идниот брода.

Клајв Палмер, чие богатство се проценува на приближно 800 милиони долари одби да каже колку може да го чини градбата на бродот. „Титаник 2“  не е неговата единствена идеја што е инспирирана од филмот. Минатата година тој изрази интерес за клонирање на диносаурус за да привлече туристи во забавниот парк во Бризбејн, а подоцна обелодени и планови во паркот да постави и речиси 100 механички реплики на овие древни животни.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска