Во Црното Море има се помалку делфини и се повеќе смет

Од:

Со воздушен мониторинг на Црното Море, наречен „Лет со делфини“, прв во последните 40 години, утврдено е намалување на бројот на делфини во групи и значително зголемување на количината на смет, објави денеска Меѓународниот еколошки фонд Чисти мориња.

– Според првите резултати од воздушниот мониторинг, спроведен во септември над поголемиот дел од Црното Море во близина на бреговите на Кавказ, од Керченскиот теснец до Адлер, бројот на делфини во набљудуваните групи значително се намалил од неколку стотини на максимум 37 животни во група. Во исто време, се зголеми и количината на морски отпад, се вели во соопштението.

Заменик генералниот директор на организацијата, Ана Суботина изјави дека главната причина за падот на бројот на делфини е миграцијата на изворите на храна, бидејќи многу видови риби, кои се главни во исхраната на делфините, се преселиле во други делови на Црното Море.

Таа најави дека ќе биде спроведени посебно сеопфатно истражување за да се утврдат причините и додаде дека руското Министерство за природни ресурси и екологија се согласило да го поддржи проектот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поради климатските промени тајфуните стануваат се поразурнувачки

Катерина Ѓуровски

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Земјава една од петте најзагрозени од климатските промени, екологистите бараат „Климатска акција сега“

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ