Во Австрија пронајдени остатоци од камила од 17 век

Од:

Мажјак, кастриран и го користеле Османлиите во 17 век, тоа е заклучок од експерти по анализа на скелет на камила најден во Австрија во 2006 година, кој претставува прв комплетен скелет на камила најден во Европа.

Ветеринарниот факултет во Виена потврди дека егзотичното животно е ископано во Тулина пред девет години и дека веста за камилата не е првоаприлска шега.

На почеток сите веруваа дека се работи за коњ или вол, но со анализа на рбетот, долната вилица и копитата, заклучено е едека се работи за камила, се наведе во студијата објавена во весникот PLOS ONE.

Архезоологот Алфред Галик и неговиот тим утврдија дека камилата била хибрид од два вида и дека најверојатно била користена за јавање и како транспортно животно во текот на опсадата на Виена во 1683 година.

Додека коски на камила од римскиот период повремено се појавувале во Австрија, Србија и Белгија, камилата во Тулина е прв комплетен скелет кој се појавил во Централна Европа.

– Тоа значи дека животното не е убиено и потоа распарчено и можно е да било дел од некоја размена – рече Галик.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска