Во авионите се уште се вградуваат пепелници, иако пушењето во нив е забрането

Од:

Иако пушењето во авионите е забрането веќе неколку децении, тие и натаму не смеат да летаат доколку немаат грдаени пепелници.

Иако денеска воопшто не можеме да замислиме како тоа изгледало некогаш кога патниците можеле безгрижно да пушат во авионите, денеска се уште постојат пепелници во нив, а многумина со остро око можат во тоа и лично да се уверат.

Имено, со закон и натаму е пропишано во тоалетите да мора да има пепелници, за случај да наиде некој патник кој не „ферма“ закони, туку сака да запали цигара.

Авиокомпаниите се загрижени дека пушачите во паника би можеле неправилно да ја изгаснат цигарата, уфрлувајќи ја во лавабото или корпата за хартиени марамчиња. А бидејќи не сакаат да се вклучи пожарниот аларм или да се појави страв меѓу другите патници, тие одлучиле дека е попаметно на располагање да ја остават посигурната метода за решавање на цигарите.

Инаку, во Америка пушењето на домашните летови е забрането од 1988 година, додека повеќето други авиокомпании го следеа овој потег во текот на деведесетите години од минатиот век.

Забраната за пушење обично насекаде строго се спроведува, со константни повторувања на предупредувањата. Но, во 2009 година британски „Боинг 747“, на пат за Мексико, беше приземјен откако беше откриено дека во авионот нема пепелници. Можеа да го продолжат патот дури откако беа донесени пепелници од друг авион.

-Станува збор за правно барање, бидејќи, иако пушењето е забрането, доколку некој сепак одлучи да запали, тој мора да има место на кое таа цигара ќе може безбедно  да ја изгасне, изјави портпаролот на компанијата „Бритиш Ерлајнс“, додавајќи дека се извинуваат до непушачите, но безбедноста сепак секогаш е на прво место, пишува „ Дејли Мејл“.

Инаку, ова правило се воведе по трагедијата од 1973 година кога 123 лица погинаа на летот од Рио де Жанеиро за Париз, бидејќи пилотот бил присилен нагло да слета заради чад во пилотската кабина. Се смета дека чадот во предизвикала запалена цигара што некој ја фрлил во корпата за смет, а многу патници погинаа од задушување уште додека авионот бил во воздух.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска