Внимавајте опасен вирус се шири на Facebook

Од:

Паника меѓу корисниците на Facebook откако се обелодени информацијата дека нов опасен вирус се шири на оваа социјална мрежа.

Доколку добиете мејл во кој пишува “Hey (вашето име) your FB account has been closed” или “Hi (вашето име) your FB account is blocked”, слободно избришете го бидејќи станува збор за вирус кој ќе го зарази вашиот компјутер.

Оваа порака дефинитивно мотивира да продолжите да ја читате, па следуваат инструкции што треба да ги направите за да си го вратите профилот. Со отварање на мејлот се активира програм кој ќе ви прикаже весела порака: “Your FB connection is now secured! Thank you for your support!”.

Но, во тој момент вашиот компјутер веќе е заразен. Тогаш, вашиот компјутер може да биде искористен за DDoS напади, а на тој начин вие ќе станете соучесник во рушење на интернет страници.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он