Власта го забрани настапот и на Карлеуша во Хрватска: Ако им е проблем Србија, нека замислат дека доаѓам од Марс

Од:

Јелена Карлеуш требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но концертот беше откажан

Пејачката со денови го најавуваше настапот, но сега преку социјалните мрежи објави дека нема да настапува, но од срамна причина.

„Со жалење ги известувам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац – властите во Хрватска го откажаа. Причината е шокантна и срамна- бидејќи доаѓам од Србија“, напиша Карлеуша на нејзиниот Инстаграм профил, а потоа продолжи:

„Искрено, вакви работи во 21 век?! Примитивизам, расизам, шовинизам, фашизам, кретенизам, идиотизам. Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купуваа карти со порака – ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе! Нека не обедини музиката! Ве сакам! ЈК”

Ова не е првпат на српските пејачи да им се откажуваат настапите во Хрватска, а во иста ситуација се најдоа Мирослав Илиќ, Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш, Зорана Мицановиќ и многу други.

Поп ѕвездата се огласи и кога Движењето за татковината Каштела го праша градоначалникот Ивановиќ преку неговиот Фејсбук профил зошто дозволил настап на Јелена Карлеуша, Аце Лукас и Харис Џиновиќ на хрватскиот остров Барбаринац во заливот Каштела, како дел од фестивалот „Островот на Љубовта“.

„Движењето за татковината очигледно нема поим кога е музиката во прашање или што припаѓа на нашето поднебје. Јас настапувам, подобро се вклопувам во европските стандарди што ги споменуваат, па нека не зборуваат за нешто за што немаат поим“, започна Јелена.

„Ако им е проблем што доаѓам од Србија, нека си замислат дека доаѓам од Марс и се ќе биде во ред! Хрватската публика ме обожава, а овие лажни експерти и моралисти секогаш биле и ќе бидат. Нека дојдат на мојот концерт да видат вистинска светска ѕвезда“, вели Јелена во изјава за Телеграф.рс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Експлозија го потресе Загреб

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски