Вкусни, со богат вкус …
Потребно е:
400 гр брашно
250 гр растопен маргарин
100 мл масло
100 мл вода
3 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
100 гр сецкани лешници
100 гр брашно од кокос
100 гр црно чоколадо, сецкано на коцкички
100 гр сусам
Подготовка:
– Растопете го маргаринот, исецкајте ги лешниците и чоколадото за готвење.
– Во садот со растопен маргарин додадете ги маслото, водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво. Измешајте.
– Потоа додадете ги лешниците, чоколадото, сусамот и коосовото брашно. Повторно измешајте.
– На крај додадете го брашното и замесете тесто. Тестото префрлете го на набрашнета работна површина. Со сукало развлечете го со дебелина околу 1 см.
– Со чаша (со дијаметар околу 5 см) вадете кругови од тестото.
– Круговите тесто ставете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Премесете ги остатоците тесто и повторувајте ја истата постапка додека да го потрошите целото тесто.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Треба да добијат златна боја.