Вкусни колачиња со пченкарно брашно

Од:

Потребно е:
250 гр путер
100 гр шеќер
1/2 кесичка прашок за пециво
100 гр пченкарно брашно
200 гр бело меко брашно
1 јајце
1 кесичка ванилин шеќер
500 мл млеко

kolacinjaPcenkarno1

Подготовка:

– Во еден подлабок сад измешајте ги сите суви состојки, путерот исецкајте го ситно и помешајте го со брашното.

– Потоа додадете го млекото и замесете тесто. По потреба додадете уште од белото брашно ако тестото е лепливо.

– На набрашнета работна површина развлечете го тестото со дебелина од 1 см. Со модли или пак со чаша обликувајте ги колачињата и наредете ги во тава претходно обложена со хартија за печење.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-15 минути, додека не поруменат од долната страна.

– Оставете ги малку да се изладат и потоа секое колаче намачкајте го од едната страна со мармалад по желба. Спојувајте по две колачиња од страните кои се намачкани со мармалад.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска