Вкусна торта, без печење. Готова е за само 10 минути.
Состојки
400 грама шлаг крем од ванила
400 милилитри млеко
8 лажици шеќер
400 грама искршена плазма
400 милилитри кисела павлака
15 крем банани
300 грама шлаг за украсување
Подготовка
Шлаг кремот се мати со млекото, се додаваат 8 лажици шеќер. Потоа се додава павлаката, искршената плазма и сецканите крем банани. Не смее да се мати со миксер, се меша со лажица. Кога ќе се зацврсне смесата, може да се пристапи кон украсување на тортата со шлаг.