Вкусна пита со месо и ориз

Од:

И салата како прилог, ќе добиете комплетен оброк …

Потребно е:
за тестото:
500 гр брашно
250 гр путер
1 лажиче прашок за пециво
1 лажиче сол
120 мл вода

за филот:
1,2 кг јунешко месо
сол
1 гранче целер
150 гр ориз
1 главица кромид
100 гр путер
1 лажица сецкан свеж магдонос
1 лажица мелен сув зачин
400 мл јогурт

за премачкување:
1 јајце

Подготовка:
– Целото парче месо сварете го во посолена вода со гранчето целер.

– И оризот сварете го во солена вода.

– За тоа време подгответе го тестото. Во еден сад измешајте ги сите состојки за тестото и додадете вода. Замесете глатко и меко тесто.

– Свареното месо исечете го на помали коцки.

– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на путер додека да омекне. Потоа додадете ги месото, сварениот и исцеден ориз, сецканиот магдонос и мелениот сув зачин. Убаво измешајте, тргнете го садот од рингла и додадете го јогуртот и полека измешајте.

– Тестот поделете го на два дела, едниот малку поголем од другиот.

– Пголемиот дел од тестото ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го и ставете го во намастена тава (36х22 см). Тестото треба да излегува од краевите на тавата.

– На тестото рамномерно распоредете го филот.

– Со сукало развлечете го и помалото тесто и со ова прекријте го филот. На крај премачкајте го со разматено јајце.

– Тестото засечете го на неколку места и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 1 час.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска