Одличен за секоја забава …
Потребно е:
2 лименки бел грав во конзерва (1 лименка е 430 гр)
4 лажици сецкан свеж магдонос
8 парчиња сланина
2-3 чешниња лук
1 страк млад кромид
околу 1 чаша (од 250 мл) маслиново масло
сол, бибер
Подготовка:
– Исцедете го гравот од двете конзерви и измијте го.
– Во тава испржете ја ситно сецканата сланина додека да стане крцкава. Извадете ја на кујнска хартија и оставете да се впие вишокот маснотија.
– Во блендер ставете ги гравот, сланината, ситно сецканиот свеж магдонос, сецканиот млад кромид, сецканото лукче, сол и бибер и измелете ги.
– Постепено додавајте го маслиновото масло и блендирајте додека да добиете хомогена смеса.
– Овој намаз служете го со крекери или препечен леб.