Овој леб многу лесно се подготвува, а е многу вкусен. Изненадете ги вашите домашни …
Потребно е:
300 гр меко брашно
1 лажица сув квасец
1 лажица морска сол
2 лажици млеко
200 гр маслинки
Подготовка:
– Во подлабок сад ставете го брашното, квасецот и солта. Измешајте убаво за да се соединат сите состојки.
– Потоа постепено додавајте млака вода и замесете средно меко тесто. Садот покријте го со пластична фолија и оставете го на топло околу 1 час да стаса тестото.
– Маслинките исецкајте ги ситно и исцедете ги од вишокот течност. Додадете ги во тестото и повторно месете го.
– Формирајте ја саканата форма со раце и премачкајте го со млеко одозгора.
– Ставете го да се пече во рерна претходно загреана на 200 целзиусови степени околу 40 минути.