Витамински колач

Од:

Овој колач е вкусен и сочен и нема воопшто вкус на моркови …

Потребно е:
3 јајца
250 гр шеќер
1 ванилин шеќер
130 мл масло
200 гр ситно изрендани моркови
сок од 1 лимон
сок од 1 портокал
300 гр брашно
2 лажичиња прашок за пециво
1/4 лажиче сол

Подготовка:
– Одвоите ги жолчките од белките. Посебно изматете ги белките во густ шлаг, а посебно жолчките заедно со шеќерот.

– Во жолчките додадете ги маслото, сокот од лимон и портокал и ситно изренданите моркови. Измешајте убаво.

– Во горната смеса додадете ги сувите состојки и на крај додадете го шлагот од белки и полека измешајте со дрвена лажица.

– Смесата сипете ја во намастен калап за торта и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-30 минути, во зависност од рерната.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска