Вистинска дама: Десет навики кои ве издвојуваат од масата жени

Од:

Секоја жена не се однесува како дама, а тоа најдобро го покажува нејзиното однесување во друштво и основното воспитание кое го носи од дома.

Следниве работи ја издвојуваат дамата од масата жени:

1. Вистинската дама има гордо држење Исправен грб и сигурен став е знак на достоинство.

2. Вистинските дами секогаш одговараат со „молам“, а не со „што е“. Основната култура е многу важна.

3. Вистинските дами никогаш, ама баш никогаш нема да запалат цигара на улица (или додека возат автомобили со една рака). Ако дамата воопшто и пуши, тоа е резервирано за седење и за некоја просторија.

4. Вистинските дами секогаш се пристојно облечени. Ниту премногу дотерани, ниту премногу обично. Едноставно убаво изгледаат во сите прилики.

5. Вистинските дами никогаш не се расправаат. Тие имаат став: Конфликтите не решаваат ништо и тие не носат ништо позитивно.

6.Вистинските дами никогаш не пцујат. Никогаш нема да слушнете од вистинска дама грд или навредлив збор.Тоа е под нивното ниво.

7. Вистинските дами никогаш нема да си дозволат да бидат во друштво со некултурни личности без разлика дали се машки или женски. Таа се повлекува од таквите луѓе, бидејќи не го поддржува нивното однесување.

8. Вистинската дама секогаш е чиста, со чиста коса и облека и убаво мириса. Не претерано, но секогаш мириса. Секогаш на себе има пристоен парфем и со стил.

9. Вистинските дами немаат тетоважи на видливи делови од телото. Тоа за нив е интимна работа.

10. Вистинската дама нема ставено на себе многу шминка и не носи многу накит.  Дискретна шминка и суптилни обекти, елегантен прстен и ланче. Таа оддава впечаток на нежна и грациозна жена.

Вистинската дама се почитува себе си, не моли за љубов и не трпи понижување од мажите. Таа е среќна и задоволна и кога е сама и кога е со партнер.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

Орце Костов

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски