Британската дизајнерка, поранешната членка на групата „Spice girls“, Викторија Бекам, привлече најмногу внимание со колекцијата која ја претстави на модната недела во Њујорк.
За колекцијата се збореше дури 17.173 пати на Твитер и доби 57 илјади нови фанови.
Марк Џејкобс е втор најпопуларен дизајнер. Тој е споменат 8.813 пати, а по него следува Дајан фон Фирстенберг – 8.608 пати.
Бројот на твитови поврзани со модната недела во Њујорк е двојно поголем од минатогодишната пролетна колекција.
Викторија Бекам е фаворит за освојување на наградата „Red Carpet“ на „British fashion awards”.