Зоолошката градина, која летово бележи рекордна посетеност, викендов организира забава за најмладите по повод почетокот на учебната година.
„Orange kids club“ ја организира забавата „Back to school“ и за најмладите ќе има бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези…
Во недела планирана е претстава за деца „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“.
Летово забележани се неделно и по 11.000 посетители што е двојно повеќе во однос на минатото лето.