Виенскиот дворец Шенбрун со рекордна посетеност во 2012 година

Од:

Дворецот Шенбрун забележа ново зголемување на посетеноста од осум отсто, па сега новиот рекорд во 2012 година изнесува 2,82 милиони гости.

Австриската туристичка атракција број еден и во првата половина на 2013 година ја посетиле 1,17 милиони луѓе, што е за еден отсто повеќе од истиот период лани.

Позитивниот тренд во 2012 година го достигнаа и бројките за посетители во Царските апартмани, Сиси Музејот и Сребрената комора на виенскиот Хофбург.

Хофбург и во првата половина на 2013 година забележа раст на бројот на посетители од два отсто, додека Депото на дворскиот мебел го посетиле дури 33 отсто повеќе гости во однос на 2012 година.

Инаку, Шенбрун, Хофбург и Депото на дворскиот мебел му припаѓаат на културно- економското друштво „Дворец Шенбрун“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска