Дворецот Шенбрун забележа ново зголемување на посетеноста од осум отсто, па сега новиот рекорд во 2012 година изнесува 2,82 милиони гости.
Австриската туристичка атракција број еден и во првата половина на 2013 година ја посетиле 1,17 милиони луѓе, што е за еден отсто повеќе од истиот период лани.
Позитивниот тренд во 2012 година го достигнаа и бројките за посетители во Царските апартмани, Сиси Музејот и Сребрената комора на виенскиот Хофбург.
Хофбург и во првата половина на 2013 година забележа раст на бројот на посетители од два отсто, додека Депото на дворскиот мебел го посетиле дури 33 отсто повеќе гости во однос на 2012 година.
Инаку, Шенбрун, Хофбург и Депото на дворскиот мебел му припаѓаат на културно- економското друштво „Дворец Шенбрун“.